Search Options
Home Media Explainers Research & Publications Statistics Monetary Policy The €uro Payments & Markets Careers
Suggestions
Sort by
Соопштение за јавност

ЕЦБ и централните банки на земјите од Западен Балкан ја завршија Програмата за соработка финансирана од ЕУ

27 март 2015
  • Програмата е наменета за поддршка на трите централни банки во исполнувањето на стандардите на ЕУ
  • Беа спроведени анализи од страна на експерти од ЕЦБ и Европскиот систем на централни банки
  • ЕУ издвои 500.000 евра за Програмата од нејзиниот Инструмент за претпристапна помош

Денес, Европската централна банка (ЕЦБ), заедно со националните централни банки на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Европската комисија, ја заврши Програмата за соработка со Банката на Албанија (БА), Централната банка на Република Косово (ЦБК) и Народната банка на Република Македонија (НБРМ). Програмата, чиешто спроведување започна на 17 април 2014 година, е наменета за поддршка на трите централни банки во спроведувањето на централнобанкарските стандарди на Европската Унија (ЕУ).

Програмата даде придонес кон подготовките на трите централни банки за пристапување во ЕСЦБ, откако овие економии ќе ги исполнат условите за членство во ЕУ. Беа оценети клучните функции на БА и на ЦБК во однос на ЕУ и меѓународните стандарди и најдобри практики, како и наодите прикажани во два извештаја. Шестмесечната тесна соработка и ефикасна тимска работа помеѓу експертите од ЕСЦБ и секоја од централните банки учеснички овозможиja да се разгледаат многу области од централнобанкарското работење, како што се банкарската супервизија, интеграцијата во ЕУ, финансиската стабилност, информатичката технологија и внатрешната ревизија.

Со процените беа утврдени областите во кои БА и ЦБК би можеле да остварат напредок преку спроведување на новите правила и политики, менување на практиките и обука на вработените во наредните години. Покрај тоа, со Програмата беа утврдени приоритетите за натамошно јакнење на НБРМ, по спроведувањето на анализата на нејзините потребите коишто завршија во 2013 година.

Анализите ги спроведе ЕЦБ во соработка со Германската централна банка, Банката на Франција, Банката на Италија, Централната банка на Малта, Централната банка на Холандија, Централна Банка на Австрија, Банката на Португалија, Банката на Словенија и Народната банка на Словачка. Исто така, беа вклучени и експерти од Народната банка на Бугарија и Народната банка на Чешка. ЕУ издвои 500.000 евра за Програмата од нејзиниот Инструмент за претпристапна помош.

Програмата не е во спротивност со позициите на ЕЦБ или на Советот на ЕУ во однос на последиците од Договорите на ЕУ врз монетарниот режим на Косово, коишто ќе треба да се оценат во текот на преговорите за членство во ЕУ.

За прашања на медиумите, ве молиме обратете му се на Виктор Кшижановски, тел.: +49 69 1344 5755.